ВИДЕО | Христоски: Крушево е светски центар за параглајдеризмот, а туризмот цвета

Томе Христоски, градоначалник на Крушево / Утрински брифинг
Томе Христоски, градоначалник на Крушево / Утрински брифинг

Крушево  покриено со снег и се очекува нова снежна покривка. Туристичката сезона се уште трае, а во прилог на тоа оди и продолжувањето на зимскиот распуст. Во Крушево повеќе нема државни хотели и скијачки капацитети, сѐ е приватно, скијачките терени се реновирани и има и зиплајн, а за на пролет има и други капацитети за привлекување на туристите, вели градоначалникот на Крушево Томе Христоски.

Крушево стана и значаен параглајдерски центар и таму се одржуваат различни натпревари и првенста. Христовски вели дека се лета и зимно време кога тоа го овозможуваат временските услови. Сега се гради контролна кула за да им помогне на натпреварувачите при лоши временски услови. Со европски пари постојано се работи на нови содржини, а сега има над 60 отсто повеќе гости во градот од пред неколку години, вели градоначалникот.

Во времето на социјализмот во Крушево имаше и неколку големи фирми. Сега Крушево е насочено и кон туризмот и кон индустриската зона за да заживее замреното производство, вели градоначалникот Христовски.

-Спомен куќата на Тоше Проески е најпосетена во Европа со над 700 илјади посети годишно. Гробното место сега е уредено и постојано доаѓаат посетители, вели Христоски.

Голем број крушевчани кои не живеат постојано во градот своите куќи ги адаптираат за сместувачки капацитети за гости, а општината врши категоризација на приватните туристички капацитети.

-Во Крушево има што да се види и треба да се дојде, вели градоначалникот Томе Христоски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот