ВИДЕО+ФОТО: Хорор во Берлин, автомобил влета во толпа луѓе, телата лежат насекаде, се шират снимки од нападот

берлин автомобил хорор
Берлин, Германија / 8 јуни 2022 / EPA-EFE/FILIP SINGER

Најмалку едно лице загина, а околу 30 се повредени откако автомобил влета во маса луѓе во близина на црква во Берлин.

Возилото налетало на масата луѓе пред стоковна куќа во Ранкештрасе во Шарлотенбург во Берлин.

берлин автомобил хорор
Берлин, Германија / 8 јуни 2022 / EPA-EFE/FILIP SINGER

Дополнителни информации за сторителот се уште не се достапни, објави британски Мирор.

Подрачјето е преполно со полиција и пожарникари, а има и тимови на итната помош.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија први снимки и фотографии од самото место.

Актерот Џон Бароумен на Твитер објави фотографија и снимки по инцидентот.

– Мислам дека сме сведоци на терористички напад овде во Берлин, но не сме сигурни. Има многу луѓе, тела насекаде, видовме автомобил кој се симна низ улицата и заврши во излог кој покрива три градски блокови. Ужасно е, напиша тој во објавата.

Германската полиција потврди дека осомничениот сега е во притвор, но се уште не е познато дали сударот бил намерен или во прашање е сообраќајна несреќа.

Германската полиција потврди само дека осомничениот е маж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот