ВИДЕО| Хорор на бензинска: Маж со нож нападна човек

Маж нападнал човек со нож на бензинска во Лондон/ Фото Screenshot Telegraph

Недостатокот на гориво во Велика Британија предизвика невидена гужва на бензинските пумпи од каде доаѓаат сцени со долги редици нервозни возачи.  

Чекањето неколку часа за да се наполни резервоар, посебно налути еден човек, кој беше снимен, откако направи инцидент. Инцидентот се случи во Велинг, во југоисточен Лондон, каде што еден возач му се закани на друг со нож во редот за гориво.  

Видеото објавено од Дејли Телеграф покажува како лицето вика по човекот заклучен во автомобилот додека држи нож во десната рака.  

Видеото предизвика бура на реакции на социјалните мрежи.  

Во Англија имаше повеќе вакви инциденти на бензинските пумпи. 

Недостиг на гориво, затворени бензински: Како Британија дојде до ваков проблем?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот