ВИДЕО: Холандска доминација над Австрија за пласман во осминафиналето

epa09281283 Players of Netherlands celebrate at the end of the UEFA EURO 2020 preliminary round group C soccer match between the Netherlands and Austria in Amsterdam, Netherlands, 17 June 2021. EPA-EFE/Piroschka Van De Wouw / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Репрезентацијата на Холандија го обезбеди првото место во групата Ц во кое се наоѓа и Македонија, и тоа по само две кола. Во второто коло Холандија во Амстердам со 2:0 ја совлада Австрија со 2:0 и има максимални шест бода.
Иако Австрија играше без суспендираниот Марко Арнаутовиќ, „лалињата“ доминираа на теренот во „Јохан Кројф“ арената, тргнаа офанзивно од првата минута и таквата игра им донесе пенал во 11 минута кој го изнуди Дамфрис. Сигурен реализатор беше Мемфис Депај кој во првото полувреме имаше уште една шанса кога од шест метри го префрли празниот гол.
Во второто полувреме, Холанѓаните го намалија ритамот и својата шанса ја бараа преку контранападите. Токму по брза контра во 67 минута беше постигнат конечниот резултат, Депај одлично го пронајде Мален кој му асистираше на Дамфрис на кого пак не му беше тешко да го погоди празниот гол.

Видео на денот