ВИДЕО: Холандија без грешка, Италијанците во осминафиналето против Австрија!

epa09291064 Denzel Dumfries (R) of the Netherlands in action during the UEFA EURO 2020 preliminary round group C soccer match between North Macedonia and the Netherlands in Amsterdam, Netherlands, 21 June 2021. EPA-EFE/Kenzo Tribouillard / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Се комплетираше третото последно коло во групата „Ц“, македонската А репрезентација го претрпе и третиот пораз, на „Јохан Кројф“ Арената во Амстердам загуби со 3:0 од Холандија.

Во првото полувреме се затресе холандската мрежа, но погодокот на Тричковски беше поништен поради офсајд после ВАР снимката.

Во 22 минута Трајковски упати еден прекрасен удар кон голот на Стекеленбург, за жал топката удри во стативата. Пет минути подоцна дојде казната, во еден контра напад Мален правовремено го пронајде Депај за предноста на „лалињата“.

На стартот од вториот дел Холанѓаните ја зголемија позитивата, повторно една убава и брза акција, Депај овојпат се најде во улога на асистент, а од непосредна близина не му беше тешко на Вајналдум да го совлада Димитриевски.

Во 56 минута имавме шанса од слободен удар да дојдеме до погодок, Барди шутираше, но сигурно интервенираше холандскиот голман. Конечниот епилог го постави Вајналдум со вториот погодок во 61 минута од средбата.

Во 69 минута овации, аплаузи од сите страни на стадионот, Горан Пандев го напушти теренот, тоа беше негов последен настап за нашата најдобра репрезентативец, заменет од Тихомир Костадинов.

До крајот резултатот не се менуваше, Холандија докажа дека е подобар противник од Македонија која уште еднаш ја затресе мрежата на Стекеленбург овојпат преку Чурлинов, но и фудбалерот на Штутгарт беше во офсајд.

На крајот Македонија го завршува својот прв настап на континенталните собири со три порази завршувајќи на последното четврто место во групата „Ц“.

Во вториот меч од групата изненадувачки Австрија славеше против Украина (1:0) со голот на Баумгартнер во 21 минута после асистенцијата на Алаба.

Холандија и Австрија се пласираа во осминафиналето, а за Украина се мали шансите да се најде меѓу четири најдобро третопласирани.

Да додадеме уште дека е формираната првата осминафинална двојка, Австрија на 26 јуни во Лондон ќе ги одмери силите против првопласираната од групата „А“, Италија.

Евро 2020

Група „Ц“

3. коло, резултати –

Македонија – Холандија 0:3

Украина – Австрија 0:1

Конечна табела:

  1. Холандија 8:2 9 бодови

2. Австрија 4:3 6

3. Украина 4:5 3

4. Македонија 2:8 0

Видео на денот