ВИДЕО | Ходаи: Има ученици кои сакаат да учат од печатени учебници, да не им се одзема тоа право

Секој ученик има сопствено право да бира од што ќе учи – дали од хартиен или дигитален учебник, изјави на денешната орес-конференција лидерот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи. 

– Ова е чуден и неприфатлив пристап за нас. МОН не е приватна компанија или приватен дом, туку државна институција. Ние сме дигитално неписмено население и не сме против, но сметаме дека е тежок процес за нашата земја. Увидовме дека многу ученици немаат пристап до такви уреди. Ако мислите дека можете да ги дискриминирате, грешите, затоа постоиме како сојуз. Ние сме земја со слаба дигитална мрежа – рече Ходаи.

Родителите против дигиталните учебници во среда пред МОН ќе излезат со свои барања

Тој го објасни ставот на Сојузот по ова прашање.

– Секој ученик има различен начин на учење. Некој го претпочита старомодното чувство на вртење страници, а други пак сакаат дигитални уреди. Образовниот систем мора да ги почитува индивидуалните желби на ученикот. Печатените учебници мораат да бидат „вистински“ книги со корици, а не скрипти, а од друга страна до септември нема доволно време за целосна дигитализација – нагласи Ходаи.

Лидерот на Сојузот одговори и на изјавата на Царовска за тоа дека на учениците не им е интересно во училиште, потсетувајќи ја на протестот организиран во 2020 година, кога главното мото на учениците беше „сакаме да учиме“.

– Училиштата не се само објекти, туку места каде што се учи култура, се применува почит и социјализација. Изјавата колку и да звучи логична за некого, заклучокот на министерката не е само паушален, туку може да биде и опасен – истакна Ходаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот