ВИДЕО: Хју Грант призна која колешка најмногу ја обожава и ѝ пишува долги пораки

Хју Грант и Рене Зелвегер/Profimedia

Иако со повеќето колешки со кои глумел во филмовите изгубил секаков контакт, постои една актерка со која Хју Грант сѐ уште редовно се слуша. Станува збор за Рене Зелвегер, со која глумеше во филмовите за Бриџит Џоунс, а со која за време на снимањето се зближил.

60-годишниот Хју Грант гостувајќи во „The Jess Cagle Show“ откри дека единствената актерка со која сѐ уште е во контакт е Рене Зелвегер, со која глумеше во франшизата за Бриџит Џоунс. Во филмовите тој го глумеше нејзиното момче Даниел Кливер, а актерите толку добро се согласувале што продолжиле да се дружат и по снимањето.

Хју Грант и Рене Зелвегер/Profimedia

Денес својата комуникација во голем дел ја одржуваат разменувајќи долги пораки.

„Ја обожавам Рене. Таа е една од ретките актерки со кои сѐ уште сум во контакт и со која добро се согласувам. Често разменуваме долги мејлови“, изјави Хју Грант и притоа го пофали актерскиот талент на својата колешка, особено во филмот во кој ја отелотвори Џуди Гарланд.

Хју Грант и Рене Зелвегер/Profimedia

За време на интервјуто Хју Грант, татко на пет деца, раскажа токму и за својата улога на Даниел, кој беше во турбулентна врска со колешката Бриџит во блокбасетор „Дневникот на Бриџит Џоунс“ од 2001 годија, како и во продолжението на хитот „Бриџит Џоунс: На работ на разумот“ од 2004 година.
„Уживав да го глумам Даниел, дури и се поврзав со него. Тој е разочаран маж кој работеше во издаваштвото и силно посакуваше да напише своја книга, но не успеа во тоа.“, се потсети Грант.

Хју Грант и Рене Зелвегер/Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот