ВИДЕО | Хит во Шпанија: Дефанзивец застана на гол и одбрани пенал за елиминација на тимот на Миовски
Во шпанскиот куп видовме неколку изненадувања во кои три шпански прволигаши прерано го завршија настапот. По Еспањол, еден ден подоцна елиминации од четвртолигаши доживеаа екипите на Жирона и Виљареал.
Вниманието на јавноста посебно го привлече елиминацијата на Жирона која беше поразена од Логронес. Во овој натпревар 19-годишниот дефанзивец Пол Арнау беше херој на својот тим и тоа во улога на голман.
Голманот Кике Рохо се повреди кога тренерот на Леганес веќе ги имаше направено сите измени па така на голот застана Арнау и до крајот одлично си ја заврши работите. Во текот на второто продоложение забележа неколку одлични интервенции, а освен тоа одбрани и пенал на Абел Руиз. Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски не беше во составот на Жирона за овој дуел.
Интересно е што негов татко е Френск Арнау кој почина пред три години и своевремено беше голман на Барселона и Малага.