ВИДЕО | Хит-серијата на Зеленски: „Слуга на народот“ се враќа на Нетфликс

Володомир Зеленски
Володомир Зеленски во втората сезона на „Слуга на народот“ / Фото: Скриншот, Јутјуб

Од Нетфликс известија дека телевизиската серија „Слуга на народот“(„Слуга народа“), во која главната улога ја игра украинскиот претседател Володомир Зеленски, повторно е достапна на оваа стриминг платформа во САД и во Европа.

„Вие ја побаравте и ние ја вративме“, напишаа оттаму на социјалната мрежа Твитер.

Како што е општо познато, Володомир Зеленски се занимавал со актерство пред да се вклучи во политиката. Во популарната хумористична серија, која се прикажувала од 2015 до 2019 година, ликот на Зеленски е наставник по историја кој се бори против корупцијата во Владата и подоцна станува претседател. Нешто слично му се случи и на самиот Зеленски по завршувањето на третата сезона на серијата. Тој стана претседател на Украина во април 2019 година и многу аналитичари сметаат дека оваа серија имала придонес во успехот на изборот на Зеленски.

Од комичар до претседател: Дали Володимир Зеленски си ја предвиде судбината?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот