ВИДЕО: Хет-трик на Бруно, Погба со четири асистенции, Јунајтед го „прегази“ Лидс

„Црвените ѓаволи“ со фантастичен старт на Олд Трафорд/Фото: EPA-EFE/Andrew Yates

Денеска продолжија возбудувањата од првото коло во новата премиерлигашка сезона (2021/22), на стадионот „Олд Трафорд“ Манчестер јунајтед ја оправда фаворитската улога против Лидс славејќи со 5:1.

Во редовите на Лидс веќе не настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски кој својата кариера ја продолжи во Саудиска Арабија, во Ал-Ахли.

„Црвените ѓаволи“ со денешната убедлива победа најавија дека сезонава ќе бидат меѓу главните конкуренти за шампионската титула.

После првото полувреме составот на Оле Гунар Солскјер водеа со голот на Фернандеш после асистенцијата на Погба во 30 минута.

Еве еден интересен факт за тоа кои играчи во последните пет години ги постигнале првите голови за Јунајтед на почетокот од сезоната: 2017 година Ромелу Лукаку, 2018 Пол Погба, 2019 Маркус Рашфорд, 2020 Дони Ван де Бек и сега 2021 Бруно Фернандеш.

На стартот од вториот дел во 48 минута Лидс успеа со еден прекрасен погодок на Ајлинг да израмни на 1:1.

Но, домаќините брзо се опоравија, односно за период од шест минути постигнаа три голови. Гринвуд се погрижи за враќање на водството во 52 минута, само 120 секунди подоцна за 3:1 зголеми Фернандеш, а Португалецот го комплетираше својот хет-трик во 60 минута.

Во 68 минута и по петти пат се затресе мрежата на Мелие, во листата на стрелците се запиша и Фред, а покрај Фернандеш, и Погба имаше фантастичен настап запишувајќи дури четири асистенции на овој меч пред своите верни навивачи.

Ќе споделиме уште неколку интересни податоци од натпреварот Манчестер јунајтед – Лидс:

Погба е првиот фудбалер на Манчестер јунајтед со четири или повеќе асистенции во еден натпревар од Премиер лигата. Претходно тоа им успеало на Деникс Бергкамп, Хозе Антонио Рејес, Цеск Фабрегас, Емануел Адебајор, Санти Казорла и Хари Кејн.

Фернандеш е првиот фудбалер на Манчестер јунајтед кој постигнал хет-трик на стартот од премиерлигашката сезона. Покрај Португалецот претходно тоа им успеало уште на Мики Квин (93/94), Ле Тисје (95/96), Фабрицио Раванели (96/97), Кевин Кембел (96/97), Дион Даблин (97/98), Габи Агбонлахор (2008/09), Дидие Дрогба (2010/11), Рахил Стерлинг (2019/20) и Мохамед Салах (2020/21).

ВИДЕО: Кошмарен старт за Арсенал, планираше три, не освои ниту еден бод

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот