ВИДЕО: Херта ги шокира „милионерите“

Фудбалерите на Херта го изненадија фаворитот во Бундеслигата/ фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Фудбалерите на Херта Берлин приредија изненадување во 17 коло од Бундеслигата, откако со 3:2 славеа над Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ поведоа во 31 минута со голот на Јулијан Брандт, но во вториот дел, домашниот тим направи целосен пресврт.

Веќе во 51 минута Белфодил го израмни резултатот, по што на сцена стапи Рихтер кој постигна два гола, во 57 и 69 минута за триумф на Херта. Со поразот, Борусија направи голем чекор наназад во трката за титулата бидејќи остана на 43 бода и сега има дури девет бода помалку од лидерот Баерн Минхен. Херта пак скокна четири позиции и сега е 11 со 17 освоени бодови.

Резултати:
Бохум – Унион Берлин 0:1
Ајнтрахт – Мајнц 1:0
Гројтер Фирт – Аугсбург 0:0
Хофенхајм – Борусија М. 1:1
Лајпциг – Арминија 0:2
Херта – Борусија Д. 3:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот