ВИДЕО: Херојот на Евертон стрелаше на „Олд Трафорд“ и славеше како Роналдо

„Карамелите“ трета година по ред го напуштаат „Театарот на соништата“ со бод/Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Евертон одиграа нерешено 1:1 во седмото коло од Премиер лигата. „Карамелите“ трета година по ред го напуштаат „Театарот на соништата“ со бод.

Јунајтед започна без Роналдо и Погба во составот, доста офанзивно од самиот старт. „Црвените ѓаволи“ си создаваа шанси, комбинираа Шо и Бруно, потоа Марсијал се обиде, но тоа не беше доволно добро. На спротивната страна страна, Евертон имаше шанса преку Рондон, кој не беше доволно брз, па беше блокиран.

Гринвуд се закани кон голот на Пикфорд, испрати удар, но голманот на Англија беше подобар во овој дуел. Во 35 минута Греј упати силен удар, но Де Геа реагираше феноменално и ја одбрани мрежата на Јунајтед. Дукуре продолжи таму каде што Греј застана, но Ван Бисака го блокираше со одлична интервенција.

Марсијал беше херојот на првото полувреме за домаќините, Бруно ја додаде топката до Французинот, кој стрелаше кон Пикфорд. Топката фати еден од играчите, само доволно за малку да го смени правецот и да заврши во голот. Јунајтед поведе во 43 минута, а Марсијал го постигна првиот гол од февруари.

Составот на Оле Гунар Солскјер очигледно не може без примен гол оваа сезона. Дукуре, Греј и Таунсенд одиграа силна контра, Таусед шутираше, а Де Хеа беше немоќен. Роналдо кој влезе во второто полувреме на крајот од 74. минута се проби по десната страна и се обиде да постигне гол, но Пикфорд одбрани.

Евертон поведе во еден момент, но судијата играше офсајд. Дејвис ја додаде топката до Мина, кој се најде во недозволена позиција. Јунајтед во неколку наврати се обиде да го загрози голот на гостинската екипа, но резултатот остана непроменет.

На табелата Манчестер јунајтед и Евертон се на делба на првото место заедно со Ливерпул со по 14 бодови, со напомена дека „црвените“ од Енфилд својот меч од оваа рунда ќе го имаат в недела во дербито против Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот