ВИДЕО: Херојот Лулзим Сулејмани раскажува за несреќата во Бугарија

Српскиот амбасадор во Бугарија и преживеаниот во автобуската несреќа Љуљзим Сулејмани / фото: Српска амбасада во Софија

„Имаше двајца возачи, возеа со 100 километри на час, сѐ беше во ред“, раскажува преживеаниот Лулзим за несреќата во Бугарија за телевизијата ТВ21.

„Така е напишано од Бог. Јас да бидам тој кој ќе спаси уште луѓе после мене. Му благодарам на Бог што ми даде втор живот“, рече Сулејмани, еден од преживеаните во автобуската несреќа во Бугарија.

Сулејмани го од пламените јазици на автобусот успеа да ги извлече малкумината спасени патници. За ТВ21 тој вели дека понудата на Беса Транс била примамлива, па така се одлучил да резервира патување за него и неговата свршеница.

„Екскурзијата беше многу добра. Имавме и водич, кој нѐ водеше секаде. Беше прекрасно. И возачите беа добри, беа двајца и патот беше многу добар. Во двата правци имавме паузи. Во автобусот беа добри, ни даваа кафе, пијалаци, имавме паузи,“ раскажува Сулејмани.

Автобусот бил добар, но не знаеле дека нема лиценца.

-Патот не беше тежок. Не возеше брзо. Нормално, како што вози автобус, со 100 киометри на час. И автобусот беше добар, а за лиценцата не знам“, вели Сулејмани за ТВ21.

Тој сѐ уште е во шок. Вели дека не може да спие, а сликите од трагедијата постојано се вртат во неговата глава. Еднаш неделно посетува психијатар во болницата во Врање.

„Се ми се повторува во главата, 24 часа откако… Бидејќи јас бев буден и видов се од трагедијата и сега сѐ ми се врти во главата. Сега не можам да спијам како претходно… Се будам, не можам да спијам, спијам само 1-2 часа. Кога ќе се разбудиш, потоа не сакаш да спиеш. Не е како што беше…“, вели Сулејмани.

Еден мал детаљ кој го забележал Лулзим при влегувањето во автобусот, спаси неколкумина.

„Јас бев буден, но пред тоа, кога шетавме низ Турција, забележав каде стои чеканчето. И потоа кога се случи катастрофата, фала му на Бог што паметот ми беше во глава, стигнав до чеканчето, го скршив стаклото и излегов јас и после мене уште шест луѓе“, вели Сулејмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот