ВИДЕО: „Хејт Словени, уште сте живи“

Босанскиот магазин „Бука“ објави видео против говор на омраза насловено „Хејт Словени, уште сте живи?“. Спотот е дел од кампањата против говор на омраза која „Бука“ ја реализира во изминативе неколку месеци.

-Водечка нишка на кампањата е поздравот „ХЕЈ, СЛОВЕНИ“, кој го преименувавме во „ХЕЈТ, СЛОВЕНИ“ за целите на нашата приказна, бидејќи омразата, се чини, стана најнормална работа, како „добар ден“ . Преку разговор помеѓу клиенти и работници во супермаркет, видеото покажува колку сме опседнати со говор на омраза, а ние знаеме колку е опасно и какви застрашувачки последици може да има, вели главниот уредник на Бука, Александар Трифуновиќ .

Видеото е дело на загрепскиот режисер и писател Предраг Личина, а главни ликови се Северина, Христина Поповиќ и Горан Богдан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот