ВИДЕО | Хејли Бибер: Оставете ме на раат, бидете мизерни на друго место

Хејли Бибер
Хејли Бибер / Фото: Инстаграм, Хејли Бибер

Американската манекенка и сопруга на поп-пејачот Џастин Бибер, Хејли Бибер го прекина молкот и им се обрати на обожавателите на Селена Гомез кои сѐ уште ѝ испраќаат пораки во кои ѝ велат дека Џастин и Селена треба да бидат заедно.

Со оглед на тоа што Џастин и Хејли се во брак од септември 2019 година, а врската меѓу Џастин и Селена заврши во мај 2018 година, на манекенката не ѝ е јасно зошто и ден-денес добива пораки од тој тип.

„Оставете ме на раат. Во моментов, јас си ја гледам својата работа – не правам ништо, не велам ништо. Ве молам, оставете ме на раат. Помина доста време, така што сега е соодветен момент да ме оставите на раат. Навистина, ве молам. Ова е моето единствено барање. Оставете ме на раат, бидете мизерни на друго место“, вели Хејли во видеото кое го објави на платформата Тик-ток.

Иако во ниту еден момент не го спомнува името на Селена Гомез, прилично е јасно дека Хејли им се обраќа на оние личности кои се опседнати со љубовната врска на Џастин и Селена.

@haileybieberthis is for you guys in my comments every single time I post♬ original sound – Hailey Bieber

ФОТО | Шегите за стајлингот на Џастин Бибер на Греми наградите не престануваат: Јасно е и зошто

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот