ВИДЕО | „Хари Потер“ и неговата екипа се враќаат во Хогвортс по 20 години

хари потер
Фото: Принтскрин / Instagram

Актерската екипа на „Хари Потер“ се здружува за новo специјално издание 20 години подоцна, чијашто премиера ќе биде прикажана на „HBO Max“ на 1 јануари 2022 година.

Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон ќе се здружат со Крис Колумбус и многу од другите актери од осумте „Хари Потер“ филмови за специјалното издание „20-годишнината на Хари Потер: Враќањето во Хогвортс“, филм што ќе го „прослави неспоредливото наследство на филмската франшиза за Хари Потер и неговото неизбришливо влијание врз срцата, умовите и имагинациите на семејствата и обожавателите ширум светот“, се вели во прес соопштението.

Хелена Бонам Картер, Роби Колтрејн, Ралф Фајнс, Џејсон Ајзакс, Гери Олдман, Имелда Стаунтон, Том Фелтон, Џејмс Фелпс, Оливер Фелпс, Марк Вилијамс, Бони Рајт, Алфред Енох, Метју Луис, Евана Линч, Иан Квар Колумбус се дел од имињата а актерите кои се очекува да се појават.

Засега недостасува една личност од екипата на специјалното изданије – авторката и креаторка на франшизата Џ.К. Роулинг не сеочекува да се појави заради критиката која ја доби за нејзините анти-транс твит коментари.

Минатата година, ѕвездата Редклиф одговори на контроверзните твитови на Роулинг за родовиот идентитет, кој некои го означија како трансфобичен.

„Трансродовите жени се жени. Секоја спротивна изјава го брише идентитетот и достоинството на трансродовите луѓе и е спротивно на сите совети дадени од професионални здруженија за здравствена заштита кои имаат многу поголема експертиза за оваа тема од Џо Роулинг или јас“, напиша Редклиф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Radcliffe (@daniel9340)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот