ВИДЕО | Хаотични сцени во супермаркет во Нов Зеланд: Маж избоде пет лица со нож, три се во критична состојба

Фото: Принтскрин

Властите во Нов Зеланд соопштија дека маж нападнал пет лица во супермаркет со нож, при што три лица се наоѓаат во критична состојба.

Полицијата додаде дека осомничениот е уапсен и дека е одведен во притвор по нападот во супермаркетот Каунтдаун во градот Данидин. Меѓу повредените се и двајца вработени во супермаркетот.

Луѓето кои се затекнале во продавницата за време на инцидентот за локалните медиуми рекле дека присуствувале на хаотични сцени – луѓето почнале да врискаат и да бегаат кон излезот. Некои похрабри луѓе се обидоа да го сопрат напаѓачот и да го соборат на земја.

Премиерката Џасинда Ардерн рекла дека мотивот на нападот се уште не е познат, но дека полицијата засега нема докази да го класифицира нападот како домашен тероризам.

-Јасно е дека ваков напад е многу загрижувачки, но сакам да ја нагласам храброста на луѓето кои преземаа акции за да ги заштитат лицата околу себе. Нашите мисли се со повредените во нападот, рекла Ардерн.

Здравствените работници од локалните болници рекоа дека три повредени лица се примени на одделот за интензивно лекување, четвртото лице останало во одделението, а петтото лице е пуштено дома по укажаната помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот