ВИДЕО| Хаос во Тирана: Навивачите на Зрињски маваа со шишиња, полицијата возврати со солзавец и пендреци

Принтскрин/Твитер

Екипата на Зрињски вчера славеше на гостувањето во Албанија против Тирана со 1:0 во првиот натпревар од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции, но навивачите на тимот од Мостар предизвикаа инцидент и се степаа со албанската полиција.


Телевизијата „Еуроњуз Албанија“ објави видео  на кое се гледа како навивачите на Зрињски фрлаат столици и шишиња кон полицијата, која пак употреби солзавец, а потоа и физичка сила за да ги растера гостинските навивачи.

 

Албанската полиција откако ја смири ситуацијата, според медиумите во Тирана, приведе 25 навивачи на гостинскиот тим.


На, социјалните мрежи се појавија видеа од пресметката, како и од апсењето на навивачите, но и од употребата на прекумерна сила на полицијата. На едно од видеата се гледа како полицајци удираат навивач додека тој лежи на земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот