ВИДЕО | Хаос во Техеран поради Роналдо

Фото: EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

И покрај сите проблеми со кој се соочуваат Иранците не забораваија и на фудбалот, а според сцените во Техеран, Кристијано Роналдо е еден од најомилените во оваа земја.

Имено, Ал Наср треба да игра против Персеполис утре од 20:00 часот во рамките од азиската Лига на шампиони. По повод тој натпревар фудбалерите на овој тим заедно со Роналдо допатуваа во хотелот до каде што беа следени од неколку возила.

Но, големи проблеми настанале кога фудбалерите требало од смештајот да одат во тренинг кампот и да го одработат тренингот пред натпреварот.

Според информациите на локалните медиуми настанал голем метеж поради Роналдо со кого луѓето од овој град сакаа да се фотографираат.

Треба да се спомене дека можеби причина за ваквиот интерес пред тренингот е забраната за присуство на публика поради суспензијата која ја заработи Пересполис претходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот