ВИДЕО: Хаос во Солун, навивачите го прекинаа градското дерби

Навивачите на ПАОК предизвикаа инцидент/ принтскрин/твитер

Фудбалскиот викенд во грчката Суперлига го одбележа солунското дерби помеѓу ПАОК и Арис, а победата ја однесоа гостите кои славеа со 0:1. Голот на одлука го постигна Аргентинецот Даниел Мансини во 41 минута.

Но, како што се ближеше крајот на натпреварот, така се вжештуваше атмосферата на трибините на стадионот „Тумба“, и во финишот стана толку напнато што не беше возможно да се доигра средбата се додека не интервенираше полицијата.

Се започна со пиротехничкото шоу на навивачите на ПАОК кои потоа почнаа да фрлаат предмети на теренот, а потоа и група навивачи влета на самиот терен.

По интервенцијата на полицијата, натпреварот беше доигран и резултатот остана непроменет, 0:1 за Арис.
Натпреварите во фудбалскиот и кошаркарскиот шампионат се играат без присуство на гостински навивачи, а дерби натпреварите ги судат судии од странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот