ВИДЕО: Хаос во Иран, преку 30 луѓе убиени во нередите по полициското убиство на 22-годишна девојка

Фото: Твитер

Бројот на жртви во немирите во Иран се искачи на 31, а сѐ повеќе луѓе излегуваат на улиците, откако 22-годишна девојка беше убиена од „моралната полиција“ поради неправилно носење марама.

Нередите траат непрекинато во изминатите десетина дена, а тие веќе станаа познати како „женската револуција“.

Демонстранти во Техеран и во други ирански градови денеска повторно запалија полициски станици и возила.

Протестите започнаа откако девојката по име Махса Амини беше уапсена и претепана од полицијата за морал, бидејќи наводно хиџабот не го носела правилно. Амини падна во кома, а потоа почина. Нејзиното убиство го осудија Обединетите Нации, Европската унија, САД.

Полицијата одби да ѝ покаже на јавноста снимен материјал од комбито каде девојката е претепана. Оттаму наведуваат дека таа починала од срцев удар, иако семејството нагласи оти Амини била здрава.

Во знак на протест, жените во Иран јавно ги вадат и ги палат марамите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот