ВИДЕО | Хаос во „8 септември“: Гужви и турканици пред ковид-центарот

„Лица со температура, пневмонија, омалаксани, со отежнато дишење, дремат надвор на минусни температури и се молат докториве да се смилуваат да отворат врати. Патем јас со бронхопневмонија чекав 3 часа.“, пишува револтирана пациента која објави видео на кое се гледа каква е атмосферата пред ковид-центарот во ГОБ „8 септември“, Скопје.

Таа обвинува дека лекарите и сестрите не ги примаат во објектот, односно не ги отвараат вратите за пациенти се додека не си ги испијат кафињата.

„Вака ние обичните смртници чекаме за преглед во Ковид центарот во 8ми септември.

Бидејќи во сред пандемија нема 3 смени, почнуваат со работа од 08 и 30 (а нема да биде тоа македонско здравство, ако нели сестрите и докторите не си ги испијат кафињата па отворат во 09 и 30)

Во меѓувреме луѓево со температура, пневмонија, омалаксани, со отежнато дишење, дремат надвор на минусни температури и се молат докториве да се смилуваат да отворат врати. Патем јас со бронхопневмонија чекав 3 часа.

Една жена волонтерски направила ливчиња и ги дели на луѓето за колку толку да се направи ред.

Патем на истово место чекаат и луѓе со ДРУГИ инфективни болести (значи на истиов куп со заразните од корона). Тука чекаат и за вакцини, тетанус и сл.

Ако немаш упат од матичен ( пр. Ти се влошила состојба ноќе и немало кој да ти издаде упат-Не те примаат, те брка обезбедувањето)

Ова е во Ковид центарот во 8ми септември, на клиника пак да те примат е научна фантастика. Со упат чекав два дена по 3 часа за да ми дадат проклет упат за ренген и не дочекав, измрзнав и нормално морав да го правам приватно.

Ова е само дел од хоророт на македонското справување со пандемија, ептен ми е лошо за да пишувам уште, инаку штом се опоравам ќе напишам се низ што како семејство проаѓаме и колку не чини вирусот, а еден посебен ферман ќе треба да им го посветам на лекарите и сестрите со ЕГО ДО ПЛАФОН што не смееш ништо да им кажеш или да ги прашаш“, пишува револтираната Ана во фејсбук-објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот