ВИДЕО Хаос на границата во Гватемала: Полицијата брутално запре мигрантски караван, безбедносните служби твдат дека меѓу мигрантите има заразеви со ковид-19

Група мигранти од САД во Централна Америка беа пречекани со палки и солзавец на Гватемала, каде безбедносните сили им го блокираа патот.

Меѓу илјадниците луѓе кои беа пресретнати на патот близу границата со Хондурас неколку лица беа повредени.

Владата рече дека нема да прифати „нелегални масовни движења“.

Околу 7.000 мигранти, главно од Хондурас, влегоа во последните денови, бегајќи од сиромаштија и насилство.

Владата соопшти дека од мигрантите кои побарале медицинска помош 21 мигрант бил позитивен на ковид-19.

Во мигрантската група имало околу 7.000 луѓе и тие бегале од насилство и сиромаштија, што се влошило откако силниот ураган ја уништи Централна Америка во ноември.

Официјални лица изјавија дека оние кои се позитивни на ковид ќе останат изолирани во некои центри на Гватемала.

Мигрантите велат дека прогонот, насилството и сиромаштијата се секојдневна реалност во нивните матични земји. Условите се влошија со пустошот што го направија два огромни урагана што ја зафатија Централна Америка минатиот ноември.

„Таму сè уште има кал, сè се сруши, изгубивме сè“, изјави Исмаел Елиазар за новинската агенција Асошиејтед Прес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот