X@@ScuderiaFerrari

ВИДЕО – Хамилтон во Ферари: Цел живот го чекав овој ден

Ферари сними краток филм за доаѓањето на седумкратниот шампион Луис Хамилтон во легендарниот тим на Формула 1

Во стилот на холивудски филм Ферари го прикажа претставувањето на Луис Хамилтон во фабриката и во Фиорано, како нов возач на Скудерија.

Во првиот дел Луис се ракува со работниците во фабриката и вработените во канцеларијата.

– Цел живот го чекав овој ден, многу сум среќен. Не можам да верувам. Видов толку многу слики од ова место… – вели Британецот.

Потоа Луис се прегрнува со директорот на тимот Фредерик Васер и разговара со неговиот нов инженер Рикардо Адами, како и со шефовите на компанијата, претседателот Џон Елкан и извршниот директор Бенедето Виња.

Вториот дел е за неговиот прв ден на патеката во Фиорано, со моделот СФ-23.

– Голем сон е да се биде овде, да се доживее ова искуство. И мама и тато се тука… Беше долго патување – вели тој.

Сезоната во Формула 1 почнува во Австралија на 16 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот