ВИДЕО: Хамилтон си го згази механичарот во боксот

Возбудливо беше на вториот отворен тренинг во Сочи/Сочи, Русија/24 септември 2021 година/принтскрин/twitter/@VerstappTom

Викендов продолжуваат возбудувања во Формула 1 шампионатот со трката за Големата награда на Русија која се вози во Сочи.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон пред стартот денешниот втор отворен тренинг во Сочи дозна дека неговиот главен конкурент за титулата, Макс Ферстапен ќе стартува од последното место на главната трка, по што се опушти и предизвика мал инцидент со својот бокс.

Имено, при влегувањето во пит-стопот го собори својот механичар бидејќи не запре на време пред него.

Хамилтон заборави на „магичното копче“ кое се однесува на работата на сопирачките. За негова среќа, механичарот веднаш стана и  помина без потешки последици.

Видео на денот