27.8 C
Скопје

ВИДЕО | Хамас во офанзива со моќно оружје: Има ракети со кои може да гаѓа мети во цел Израел, а користи и дронови со експлозив

Вооруженото крило на Хамас потврди во четвртокот дека почнале да користат нова ракета која има дострел било каде во Израел, откако терористичката група во Газа започна масивни ракетни напади во центаралниот и јужниот дел од земјата во четвртокот попладне, објави Тајмс оф Израел.

„Ракетите се лансирани кон аеродромот Рамон, а се користи и Ајаш ракетата со дострел од 250 киломтери“, соопшти Абу Обеида, портпарол на военото крило на Хамас.

Ракетата е именувана Јахја Ајаш, врховен бомбаш на Хамас кој е одговорен за десетици израелски животи кои се убиени пред неговото убиство во 1996 година.

Меѓу местата кои Хамас ги таргетира се и аеродромот Рамон во Еилат, каде Израел го пренасочи дел од авиосообраќајот рано утрото, откако патничкиот сообраќај на Меѓународниот аеродром Бен Гурион беше цел на ракетни напади.

Не се слушаа сирени во ракетниот напад кон Еилат, бидејќи проектилот падна на отворено подрачје далеку од градот, каде што не предизвика никаква штета. Како и да е, дневниот весник Хаарец соопшти дека Израелските одбранбени сили биле изненадени од дострелот на ракетата, која прелетала над 200 километри, бидејќи претходно верувале дека ракетите во арсеналот на терористичката група достигнале до 160 километри.

Абу Обеида рече дека Мухамед Деиф, воен началник на Хамас, повика „меѓународните авиопревозни компании веднаш да ги прекинат летовите кон кој било аеродром во окупирана Палестина“, имплицитно заканувајќи се дека може да бидат погодени. Неколку американски авиокомпании веќе започнаа да ги откажуваат летовите кон Израел поради ракетните напади.

„Му велиме на непријателот: Вашите аеродроми и секоја точка од северна Палестина до нејзиниот југ е во домет на нашите ракети“, рече Абу Обеида.

Хамас исто така соопшти дека лансирал бројни „самоубиствени дронови“, беспилотни летала што носеле експлозив, во јужниот дел на Израел од Појасот Газа. Војската потврди соборување на најмалку два такви беспилотни летала.

Канал 12 објави дека беспилотните летала се чини дека имале слаби способности и изгледа дека не претставуваат сериозна опасност. Сепак, на жителите на соседните заедници во Газа им беше наредено привремено да останат во засолништата поради беспилотните летала.

Израелските одбранбени сили објавија видеоснимка на која се гледа како борбен авион Ф-16 соборува еден од вооружените беспилотни летала, кои беше лансиран од Појасот Газа кон целото крајбрежје.

На видеото,  може да се види како борбениот авион го цели  „самоубиствениот дрон“, кој носел околу пет килограми експлозив, пред да го уништи со ракета.

Поврзани вести

Вулин: Да им се забрани влез во Србија на оние кои гласаа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница

Катерина Стевовска

ФОТО | Вистинско уживање! Се кандисавме за Охрид, бендисавме и топло препорачуваме: Кај Маја и Душица на домашни специјалитети од кои ќе ви се отворат сите чакри

Јасмина Кантарџиева Димков

Главен научник на СЗО: Разочарува резултатот на вакцината „КјурВак“

Слободен печат

ВИДЕО | Вознемирувачка ситуација: Мечка влегла во град во Јапонија, четири лица се повредени

Слободен печат

Гебрејесус: Очекувам Гвинеја да прогласи крај на епидемијата на ебола

Катерина Стевовска

Штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија

Слободен печат

Остави Коментар