ВИДЕО | Халили: Оставката на Заев е дојдена во лошо време и ќе влијае врз нашата репутација како држава

Мухамед Халили, претседател на Совет на амбасадори / Утрински брифинг

Откако премиерот Зоран Заев најави оставка сега се наметнува прашањето што ќе се случува со надворешните односи на државата.

Оваа владејачка гарнитура зазеде еден надворешен курс, сега на тема е проблемот со Бугарија. За тоа дали има некакви опасности оваа внатрешна состојба да го промени надворешниот курс на државата во Утрински брифинг разговаравме со Мухамед Халили, претседател на Советот на амбасадори.

-Оставката е дојдена во многу лошо време. Посебно за нашите евроинтеграциски процеси и мислам дека секако тоа ќе влијае врз нашата репутација како држава и нашите заложби за одржување на меѓувладината конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија, вели Халили за Утрински брифинг.

-Влегуваме во еден период на пасивност на Владата, а тој период го имавме до сега со самото одржување на локалните избори, но сега односите се такви што мораме да чекаме или нова владина коалиција или истата да продолжи или во краен случај да се оди на превремени парламентрани избори што не ни е од полза, коментира Халили.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот