ВИДЕО | Халили: Наредбата на Бајден е директен удар против оние кои работат против ЕУ

Декретот е мерка што претседателите на САД ја поставиле како избвршна наредба уште од 2001 година, кога во нашата земја за жал имавме недоразбирања, преточени во конфликт и оттогаш САД ги следат сите напори и збиднувања кои се случуваат на Западен Балкан. Аналогно на тоа после владеењето на Трамп кој не беше многу заинтересиран за збиднувањата на Балканот, сега Џо Бајден повторно се враќа на Балканот со проширен список на лицата кои работат против демократските процеси во земјите на Западен Балкан, кои работат директно или индиректно, како што се наведува во Извршната наредба, против демократските процеси во земјите во Западен Балкан.

-Ние пред една недела имавме една конкретна забрана за поранешниот премиер и претседател на Албанија, Сали Бериша, кој со декрет на Блинкен, беше ставен на црна листа, поради тоа што, според нивните проценки, тој работел против демократските процеси во Албанија. Имавме листа на поранешни функционери на Бугарија ставени на црната листа, и за сите лице кои работат против интересите на САД им се замрзна имотот, забрани влез на американска територија, изјави во Утрински брифинг Мухамед Халили, претседател на Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на Амбасадори.

-Овој курс на американската политика е директна помош за влез на балканските земји кои останале или се во процес на завршување на почетните преговори меѓу владите на овие земји и ЕУ или да започне процесот кој е застанат на пола пат, како што се процесите Црна Гора – ЕУ, Србија – ЕУ, да се оди напред во процесите на Косово и БиХ.

-Властите во САД костатирале дека постојат пречки кои го невозможуваат патот на ЕУ интеграциите на овие земји и како пречки од прв степен ги напројуваат пречките кои доаѓаат од индивидуи, институции итн. во поглед на проширување на корупцијата во повеќе сегашни и поранешни влади, кои директно или индиректно работат против демократските процеси, ако индивидуи и асоцијации кои ја оневозможуваат имплементацијата на мировни договори кои биле склучени во минатото како Преспасниот договор, Охридскиот рамковен договор, Резолуцијата 1244. Индиректно е спомната и меѓудржавната спогодба и Договорот со Бугарија. Тоа е конкретен прилог на САД, поради тоа што веќе земјите на Западен Балкан, однсоно земјите кои што се на пат во интеграциите како што се Македонија и Албанија, потоа тие кои застанале на пола пат, Црна Гора и Србија и тие кои се спремаат – БиХ и Косово, веќе имаат пречки во однос на проширувањето. Токму оваа наредба е едно предупредување до сите кои работат против евро-интеграциите, стабилност на регионот и човековите права, смета Халили.

-Лично сметам дека посетата на Франција е од голема важност за нашата држава, но и од важност за Република Франција, бидејќи кај нас, идејата на Макрон ЕУ да направи реформа во процесот на проширувањето на ЕУ беше пречекана со негативни коментари. Сметам дека тогаш Макрон не ја погоди целта, излезе со една платформа која значеше дека земјите кои претендираат да бидат идни членки на Унијата треба да направат длабоки реформи без да спомне и една негова платформа за реформа на ЕУ. Се гледа дека до сега слабо функционираше Унијата, затоа што процесот на општ консезус при донесување на одлуките во ЕУ беше и е сериозна пречка за Унијата да оди напред, не само кон проширувањето туку и кон други точки – донесување на буџет, вели Халили

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот