ВИДЕО: Хали Бери се соблече топлес и танцуваше со своето ново момче, но кој ги снимаше?

Instagram
Instagram

Хали Бери објави видео на својот инстаграм – профил во кое танцува топлес со своето момче Ван Хант, а веднаш по објавувањето следеа лавина од коментари, но сите се прашуваа кој е тој што ги снимал додека се голи.

Холивудската актерка, Хали Бери (54) никогаш и не се срамела да го покаже своето голо тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

„Со тебе е сѐ поедноставно“, напиша Хали во описот на видеото во кое танцува топлес со своето момче.

Бројните обожаватели не беа толку посветени на видеото колку кој ги снима во дадениот момент, но и покрај бројните прашања актерката не одговори. Некои споделија дека е можно ќерката на актерката Нала (12) да ги снимала нејзината мајка и нејзиното момче, или нејзиниот син Масео (7).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Да потсетиме, Хали ја потврди својата врска со Ван Хант ова лето кога на својот инстаграм – профил ја објави нивната прва заедничка фотографија како лежат на креветот, но на фотографијата се гледаа само нивните стапала. На почетокот никој не знаеше за кого станува збор, но набргу потоа, таа им откри на обожавате кој е мистериозниот човек кој и го освоил срцето, а двојката оттогаш објави неколку заеднички фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Пред Хант, актерката беше во кратка романса со музичкиот продуцент Алекс Да Кид во 2017 година, но врската траеше само шест месеци.

Хали Бери неодамна изјави дека дури и за време на карантин се обидувала да вежба секој ден.

– „Наоѓав начини да вежбам, работам и да им се посветувам на децата, секој ден“, изјави таа за списанието „ People“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот