ВИДЕО: Халанд во луд финиш и донесе триумф на Борусија Дортмунд

Борусија во драматиен финиш дојде до победата/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Екипата на Борусија Дортмунд во фантастичен натпревар во рамки на третото коло на Бундеслигата го совлада Хофенхајм со 3:2.

Иако немаше голови во првото полувреме и двете екипи имаа неколку шанси, додека гостите заработија три жолти карти во првите 20 минути.

Првиот гол беше постигнат на стартот од второто полуврме, Џовани Рејна во 49. минута и носи водство на Борусија. Потоа иницијативата ја презеде Хофенхајм и офанзивната игра беше наградена со голот на Баумгартнер во 61. минута, но само осум минути подоцна „милионерите“ повторно поведоа со голотна Џад Белингам.

Последните моменти од натпреварот донесоа големи возбудувања бидејќи беа постигнати два гола во судиското продолжение. Прво Хофенхајм во 90. минута преку Дабур израмни на 2:2, но радоста не траеше ниту 60 секунди. Само што тргнаа од центарот играчите на Борусија создадоа шанса, голманот на гостите Бауман одбрани два шута, но не можеше да го запре ударот на Халанд кој го постави конечниот резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот