ВИДЕО: Халанд вистинска „гол-машина“, има неверојатен учинок во Бундеслигата

Ерлинг Халанд сезонава има 16 голови во 14 бундеслигашки настапи за Дортмунд/Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Во осмото коло од Бундеслигата екипата на Борусија Дортмунд со 3:1 на домашен терен го совлада Мајнц.

Тоа е шести триумф за „милионерите“ сезонава и моментно се на врвот со 18 бодови, два повеќе од Баерн Минхен, Баер Леверкузен и Фрајбург.

Домаќините водеа после првото полувреме со голот на Ројс, а во вториот дел двапати во листата на стрелците се запиша Халанд.

Норвежанецот Халанд сега има 49 голови во 49 бундеслигашки официјални мечеви откако е член на Дортмунд.

Во другите денешни средби кои стартуваа од 15.00 часот: Ајнтрахт Франкфурт – Херта Берлин 1:2, Фрајбург – Лајпциг 1:1, Гројтер Фурт – Бохум 0:1 и Унион Берлин – Волфсбург 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот