ВИДЕО: Халанд шоу во Севиља, „Старата дама“ ќе брка негатива на реваншот!

Фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Вечерва Лигата на шампионите ни донесе нови натпревари од осминафиналето, по првите 90 минути Борусија Дортмунд славеше на гостувањето кај Севиља со 2:3, а Порто го изненади Јувентус совладувајќи го со 2:1.

Ерлинг Халанд покажа уште еднаш зошто моментно е еден од најдобрите фудбалери во светот, иако Норвежанецот има само 20 години, и на кого веќе му предвидуваат голема иднина.

Шпанците први дојдоа во водство уште во седмата минута преку Сусо, но до крајот на првото полувреме следуваше „шоуто“ на Халанд. Најпрвин асистираше при израмнувачкиот погодок во 19 минута, погодокот беше дело на Дауд.

Во 27 минута Халанд го постигна првиот гол за предност на „милионерите“, а во 43 минута зголеми на 1:3 по додавањето на Ројс. Домаќините успеаја само да го ублажат поразот во 84 минута преку де Јонг за одржување на шансите во реваншот (9 март) и продолжување на борбата за пласман во четвртфиналето.

Порто на својот „Драгао“ триумфираше изненадувачки 2:1 против Јувентус, уште во втората минута Португалците реализираа после грешката на одбраната на „Старата дама“, а истата ја казни Иранецот Тареми.

На стартот од вториот дел за 2:0 се погрижи Марега, на спротивната страна Роналдо не успеа да се запише во листата на стрелците, тоа го направи Киеза во 82 минута за поставување на конечниот епилог. Клубот од Торино ќе мора на 9 март да ја анулира негативата доколку сака учество во следната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот