ВИДЕО: Халанд се врати со гол во пресвртот на Борусија Дортмунд

„Милионерите“ се повторно на лидерската позиција во Бундеслигата/Волфсбург, Германија/27 ноември 2021/Фото: Wolfsburg, northern Germany, 27 November 2021. EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Денеска во рамките од 13 коло во најсилното германско првенство составот на Борусија Дортмунд триумфираше на гостувањето кај Волфсбург со 1:3.

Со оваа победа „милионерите“ се вратија на лидерската позиција во генералниот пласман со два бода повеќе од Баерн кој има меч помалку.

Домаќинот повеќе веќе во втората минута преку Вегхорст, но Борусија направија пресврт со головите на Џан и Мален.

Најголемата ѕвезда во редовите на Дортмунд, Ерлинг Халанд се врати од повредата, во 73 минута влезе во игра, а во 81 минута се запиша во листата на стрелците за поставување на конечниот епилог.

Во останатите средби од рундата: Бохум – Фрајбург 2:1, Келн – Борусија Менхенгладбах 4:1, Гројтер Фурт – Хофенхајм 3:6, Херта Берлин – Аугсбург 1:1.

Бундеслига, табела: Борусија Дортмунд 30 бодови, Баерн Минхен 28, Фрајбург 22, Баер Леверкузен 21, Хофенхајм 20, Унион Берлин 20, Волсфбург 20…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот