ВИДЕО | Халанд изненади: Сенегал е мој фаворит на Мундијалот

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Светското првенство во Катар е се поблиску, стартува на 19. ноември, па така остануваат само уште 16 дена. Интересна и изненадувачка прогноза за овој Мундијал има одличниот Ерлинг Халанд.

Халанд го откри својот фаворит и изненади затоа што станува збор за Сенегал. Норвежанецот смета дека афричката репрезентација може да направи сензација.

„Сенегал е најдобрата репрезентација во Африка, имаат одличен тим со фантастични играчи. Нема да биде изненадување ако одат до крајот. За мене тие се фаворити“, изјави младиот напаѓач.

Ќе потсетиме, Халанд нема да го гледаме на Светското првенство затоа што неговата Норвешка не успеа да се пласира, па така во тој период од еден месец ќе има прилика да се одмори за предизвиците во Сити кои го чекаат до крајот на сезоната.

Последните два натпревари на Манчестер Сити во Премиер лигата и Лигата на шампионите Халанд ги пропушти поради ситна повреда, но веќе во викендот кој следи се очекува да се врати во составот на Пеп Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот