ВИДЕО: Халанд има четири фаворити за светската титула во Катар

Ерлинг Халанд посакува со Норвешка да игра на Европско и Светско првенство/фото: EPA-EFE/Javad Parsa

Голем број на фудбалски ѕвезди нема да бидат дел годинава на Светското првенство кое ќе се одржува во Катар од 20 ноември до 18 декември.

Меѓу нив на Мундијалот нема да игра и моментно еден од најдобрите напаѓачи во светот, Ерлинг Халанд.

Норвешката репрезентација не успеа преку квалификациите да обезбеди место, па така, и членот на Манчестер сити ќе го гледа СП 2022 преку ТВ екраните.

Халанд (22) за „Скај Спортс Њуз“ ги издвои репрезентациите кои би можеле според него да се борат за светската титула.

– Мислам дека фаворити би требало да бидат Бразил, Аргентина, Франција и можеби Англија. Не можам да кажам само една, бидејќи има многу добри репрезентации. Секако, се надевам дека ќе играм за Норвешка, и нашиот сон и реалност, најголемото нешто што можеме да направиме е да се пласираме на Европско или Светско првенство. Тоа е мојата цел со националниот тим. Знаеме дека е тешко, но се надевам дека во иднина ќе играм на тие големи натпреварувања – вели Халанд.

СП 2022 | Тасевски: Бразил е меѓу фаворитите за титулата, но ваквите тимови се соочуваат со огромен притисок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот