ВИДЕО | Гутереш го отвори Генералното собрание на ОН со повик за борба против пандемијата и климатските промени

Антонио Гутереш / Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги оквалификува климатските промени и коронавирусот како закани кои не познаваат граници, кои претставуваат голем предизвик и кои создаваат поделби, јави ДПА.

– Војната на нашата планета мора да запре. Треба да завршат и меѓусебните војни. Време е да се фокусираме на борбата против заедничкиот непријател на човештвото: пандемијата. Членовите на ова Собрание мора да зборуваат со еден глас, рече тој на синоќешното отворање.

– Се собираме во време на големи предизвици и поделби, рече Гутереш синоќа. -Предизвиците и заканите се бесконечни. Тие влијаат врз сите нас, додаде тој.

Генералниот секретар повика на борба против „заедничкиот непријател на човештвото: пандемијата”. Генералното собрание е главното тело за утврдување на политиките на ОН. Ги вклучува сите земји -членки и обезбедува форум за мултилатерални дискусии низ целиот спектар на меѓународни односи. Секоја од 193 земји-членки има еднаков глас.

Општите дебати што почнуваат следниот вторник, е кулминација на Генералното собрание. Американскиот претседател Џо Бајден е меѓу светските лидери кои ќе зборуваат оваа година. Поради пандемијата, општата дебата ќе има помалку учесници. Многу шефови на држави и влади нема да патуваат во Њујорк и наместо тоа ќе учествуваат онлајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот