ВИДЕО | Гундоган херој, градското дерби во финалето од ФА Купот за Манчестер Сити

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Maнчестер Сити предводен од Илкај Гундоган славеше во финалето на ФА Купот победувајќи го градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 2:1.

Натпреварот за „црвените ѓаволи“ започна шокантно, Гундоган по само 12 секунди игра со одличен удар надвор од шеснаесетникот ја затресе мрежата на Де Геа. Тешко им беше на избраниците на Ерик Тен Хаг да се соземат од овој шок, па така во наредните неколку минути Сити создаде уште две-три добри прилики за постигнување гоол.

Кога не ги реализираа, казната стигна по половина час игра. Грилиш беше невниматален во својот шеснаестник и играше со рака, а сигурен реализатор на најстрогата казна беше Бруно Фернандеш,

Со по еден гол на двете страни се замина на паузата, а по само шест минути игра во вториот дел однвоо на сцена стапи Гундоган. Де Брујн запиша втора асистенција откако од корнер го пронајде Германецот кој успеа со еден не толку силен удар уште еднаш со удар надвор од шеснаесетникот да го матира Де Геа.

До крајот на натпреварот резултатот не се промени, иако имаше прилики и на двете страни. За Манчестер Јунајтед ова беше втор трофеј сезонава по освојувањето на Премиер лигата. Тимот на Пеп го чека и битка за трет трофеј кога за седум дена во Истанбул ќе играат против Интер во финалето од Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот