ВИДЕО: Груби се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ја прими првата доза на вакцина против ковид-19. Тој испрати апел до граѓаните да се пријават за вакцинација на веб-страницата на Министерството за здравство, vakcinacija.mk бидејќи, како што рече, само на овој начин ќе се постигне имунизација на целото население.

Министерот се вакцинираше во поликлинката Чаир, и изрази благодарност до медицинскиот, како и до помошниот персонал, кој им помага на граѓаните при процесот на вакцинација.

– Денеска ми дојде редот и мене да се вакцинирам во поликлиниката Чаир. Сакам да апелирам до сите граѓани кои се регистрирани на порталот vakcinacija.mk да одговорат на поканите, да се вакцинираат, додека оние кои сѐ уште не се регистрирани да го направат оваа затоа што трае многу кратко, само неколку минути, рече Груби.

Тој додаде дека самиот процес на вакцинација е краток и апсолутно безболен. Вицепремиерот повика уште еднаш сите да се вакцинираат, како што рече, за да го вратиме побрзо нашиот вообичаен живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот