ВИДЕО: Грижата за генерациите во фудбалот и што ЕП на сениорите ќе донесе за младите фудбалери, разговор со селекторот на У-21 Благоја Милевски

Од 2014 се направи база на фудбалери кои денеска успешно настапуваат во сениорската репрезентација на Македонија. Тие имаат голема заслуга за успехот и пласманот на Европското првенство. Сите тие во комбинација со повозрасните прават една конкурентна репрезентација во европски рамки. Ова ќе биде мотив, поготово за помладите фудбалери да имаат еден идеал да го повторат овој успех, изјави во Утрински брифинг Благоја Милевски селектор на фудбалска репрезентација до 21 година.

– Нашата работа е јавна работа и тука нема што многу да се крие. Фудбалерите се тие самите кои го покажуваат или не го покажуваат потенцијалот и квалитетот на терен. Момците покажуваат потенцијал да бидат конкурентни да бидат и во А репрезентацијата. Имаме 5-6 конкурентни фудбалери, но сè останато е работа на селекторот на сениорите, додава Милевски.

Целиот разговор со Милевски погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот