ВИДЕО: Грешката на Тер Штеген фатална за Барса!

Фото: Твитер

Во дербито на 10 коло во најсилното шпанско првенство вечерва Атлетико Мадрид беше подобар од Барселона минимално со резултат 1:0. После 10 години Атлетико успеа да слави против Барселона во првенството.

Единствениот гол на стадионот „Ванда Метрополитано“ се случи непосредно пред паузата кој го реализираа „јорганџиите“ во контранапад.

Во таа контра на домаќините Кореја го пронајде Караско, а изненадувачки голманот на Барса, Тер Штеген длабоко излезен како скоро играч од средниот ред, се обиде да ја отстрани опасноста, но неуспешно.

Ги разочара неговите навивачи, беше издриблан од Караско на кој не му беше тешко да ја затресе празната мрежа (45+3`).

За Каталонците ова е веќе трет пораз сезонава во „Ла Лига“ за моментно 10 место во генералниот пласман со 11 бодови, а Атлетико Мадрид го дели првото место со Реал Сосиедад со по 20 бодови.

Во претходните мечеви од саботната програма, Леванте на нашиот Енис Барди ремизираше со Елче, Виљареал успеа да му откине бод на Реал Мадрид, а Севиља со 4:2 славеше против Селта Виго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот