ВИДЕО | Грди слики од Струга пред туристичката сезона – кучиња влечат коски по улица

Фото: Вокс Струга / принтскрин

Непријатни слики доаѓаат од Струга, каде глутница улични кучиња се снимени како по улица развлекуваат животински коски од месарница во градот.

На снимката која ја објави локалниот портал Вокс Струга, се гледаат кучињата како се „гоштеваат“ со коските, оставени во картонски кутии пред месарницата.

Граѓаните во коментарите на социјалните мрежи велат дека ваквите слики се многу лоши за Струга во пресрет на летната туристичка сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот