ВИДЕО: Грчки пратеник граѓаните на Северна Македонија ги нарече „оригинални Македонци“

Теофилос Ксантопулос, пратеник од Сириза/Фото: Скриншот

Пратеникот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Теофилос Ксантопулос, во интервју за парламентарниот канал ги нарече граѓаните на Северна Македонија „оригинални Македонци“, “во време кога раководството на соседната земја се обидува да ја врати оваа реторика со доведување во прашање на Договорот од Преспа“, коментираат грчките медиуми.

Извештајот на Ксантопулос беше направен по повод она што се разговараше вчера, понеделник, на конференцијата на Институтот „Алексис Ципрас“ во присуство на поранешниот македонски премиер, Зоран Заев.

„Вчера добив порака на оптимизам дека можеме да одиме напред во Западен Балкан во обид да го завршиме процесот на интеграција во ЕУ“, ја започна својата изјава пратеникот на СИРИЗА и продолжи:

„Иницијативи од ваков тип како Договорот од Преспа, иако македонските борци од овде и „оригиналните Македонци“ од таму, се пример како може да се градат сојузи на народи и држави во корист на поширокиот регион.

Грчките медиуми оваа негова изјава ја пренесоа како „контроверзна“.

Инаку токму СИРИЗА во грчкиот парламент ги поднесе во вид на предлог – закони трите меморандуми од Договорот од Преспа, но владејачката Нова Демократија по заострување на македонско – грчките односи по доаѓањето на новата власт во државава, одлучи дека не е време за нивна ратификација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот