ВИДЕО: Грчката полиција во голема акција против турската мафија, убиства и апсења, граѓаните вознемирени

Грчката полиција започна борба со турската мафија во земјата. Осум лица се уапсени и осум се приведени, а пронајдени се 49 парчиња оружје во акција на полицијата што се во тек во Атина и Солун, објави Катимерини.

Акцијата ја спроведува Управата за борба против организиран криминал.

Последниот случај на расчистување сметки меѓу членови на турската мафија беше во понеделникот кога во атинска населба околу 10 часот наутро беа убиени две лица, Турци со курдско потекло, а едно беше повредено, додека уапсени беа две лица. Инцидентите ја вознемирија грчката јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот