ВИДЕО: „Гранде“ Пандев денеска го слави 38 роденден

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Горан Пандев денеска полни 38 години, еден од најдобрите играчи во историјата на македонскиот фудбал…

Годинава му се оствари сонот со македонската А репрезентација да настапи на едно големо натпреварување, во овој случај Европското првенство.

На континенталниот собир потврди дека ја завршува репрезентативната кариера, летово се шпекулираше и за негова пензија, но најверојатно тоа ќе се случи наредната 2022 година.

Италијанските медиуми, како и експертот за трансфери на Твитер, Фабрицио Романо најавија дека Пандев ќе игра уште една година во редовите на Џенова.

Својата слава на клупски план ја стекна во Италија каде што го помина најголемиот дел до својата кариера, со Интер во 2010 година ја освои титулата во Лигата на шампионите.

За националната сениорска селекција севкупно забележа вкупно 38 голови во 122 настапи. Му посакуваме многу здравје и уште многу успеси на личен и професионален план..

ФОТО: И Пандев се вакцинираше

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот