Протест по трагичниот пожар во Кочани / Фото: Слободен печат / Агнеса Чаволи

ВИДЕО: Граѓански аплауз за здравствените работници кои се грижат за повредените од Кочани

Десетина илјади граѓани вечерва учествуваа на протестот преку кој се бараше одговорност за трагичниот пожар во Кочани, во кој загинаа 59 млади луѓе, а околу 200 беа повредени.

Во моментите кога поворката на протестниот марш поминуваше пред некогашната Градска болница (сегашната Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“), тие спонтано им аплаудираа на здравствените работници кои се грижат за повредените во катастрофалниот пожар. Дел од вработените во клиниката излегоа на прозорците за да им отпоздрават на учесниците на протестот.

ГАЛЕРИЈА | Почна протестот на скопскиот плоштад: „Системот е следен“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот