ВИДЕО: „Граѓаните“ се главни во Манчестер, нов хет-трик на Халанд

Ерлинг Халанд повторно е херој на „граѓаните“/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Манчестер сити денеска убедливо пред своите навивачи го совлада Манчестер јунајтед во големото дерби на Премиер лигата со резултат 6:3.

Головите на „граѓаните“ ги постигнаа Халанд и Фоден, двајцата на стадионот „Етихад“ запишаа по еден хет-трик, а Норвежанецот придонесе и со две асистенции. Фоден го постигна водечкиот гол во осмата минута, а потоа на сцена стапи Халанд со два погодоци во 34 и 37 минута.

Фоден го постигна четвртиот гол во 44 минута, потоа Јунајтед намали преку Ентони (56`). Халанд уште еднаш покажа во 67 минута се наоѓа во одлична гол серија, а во 74 минута и Фоден докажа уште еднаш дека е во врвна форма. За Халанд ова беше негов трет хет-трик од доаѓањето во Премиер лигата и 14 голови за Манчестер сити на осум мечеви.

Поразот на „црвените ѓаволи“ го ублажи Марсијал кој во финишот на натпреварот двапати се запиша во листата на стрелците во 84 минута и во 90 од пенал.

На табелата води Сити е второпласиран со 20 бодови, еден помалку од водечкиот Арсенал кој во саботата беше подобар од Тотенхем (3:1). Јунајтед кој пред овој меч имаше одлична серија од четири победи во низа, после третиот пораз сезонава е на шестото место со 12 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот