ВИДЕО: Граѓани и вечерва се собраа пред Владата, протестираат против францускиот предлог

Фото: ТВ21/принтскрин

Неколку десетици граѓани доцна попладнево се собраа пред зградата на Владата, барајќи оставки од политичарите од власта кои најавија прифаќање на документот подготвен од француското претседателство со ЕУ, со кој земјава треба да го реши спорот со Бугарија и да ги почне преговорите за членство во Европската унија.

Таканаречениот „француски предлог“ вчера пристигна во Владата, а денеска напладне беше објавен во оригиналната форма на владината веб-страница.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека со него се зачувува македонскиот јазик и идентитет.

„Позицијата во која се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки. Ќе дебатираме и во Парламентот, со опозицијата и со севкупната јавност. Предлогот е солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став. Сите лажни тврдења во различни форми потонаа, го штитевме македонскиот интерес и идентитет. Во европскиот предлог има позиции за целосно прифаќање на македонскиот јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Нашата позиција за почнување на преговорите и Првата меѓувладина конференција е инкорпориран во предлогот доставен кај нас“, порача Ковачевски.

Опозицијата за утре најави „Сенароден протест против бугаризацијата“, кој исто така ќе се одржи пред Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот