ВИДЕО: „Граѓаните“ шампионски, Манчестер сити „гази“ во Премиер лигата!

Фото: EPA-EFE/Peter Powell/POOL

Денеска се одиграа два натпревари од 16 коло во најсилното англиско првенство, Манчестер сити со 1:3 беше подобар од Евертон, а ремизираа Барнли и Фулам (1:1).

Манчестер јунајтед на последните пет натпревари забележа еден пораз, една победа и трипати ремизираше, и сите тие киксеви максимално ги искористува градскиот ривал Манчестер сити во шампионската трка.

Со вечерашниот триумф „граѓаните“ предводени од менаџерот Пеп Гвардиола сега имаат дури 10 бода предност во однос на „црвените ѓаволи“ кои се на втората позиција во генералниот пласман.

Сити кој дојде и до 17 победа по ред (во сите натпреварувања), нема пораз во Премиер лигата од 21 ноември 2020 година кога загуби кај Тотенхем со 2:0.

На вечерашниот дуел на „Гудисон парк“ за домаќините стрелаше Ришарлисон (37`), а за гостите Фоден (32`), Марез (63`) и Силва (77`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот