ВИДЕО: „Граѓаните“ го освоија Париз, дали ќе гледаме англиско финале во Истанбул!?

epa09166073 Manchester City's Riyad Mahrez (R) celebrates with teammates after scoring his side's second goal during the UEFA Champions League semi final, first leg soccer match between PSG and Manchester City at the Parc des Princes stadium in Paris, France, 28 April 2021. EPA-EFE/YOAN VALAT

Вечерва во Париз се одигра и првиот натпревар од второто полуфинале во Лигата на шампионите, Манчестер сити славеше на „Паркот на принцовите“ против ПСЖ со резултат 1:2 (1:0).

После првото полувреме водеше францускиот претставник со погодокот на Маркињос после асистенцијата на Ди Марија во 15 минута од средбата.

Израмнувањето се случи во 64 минута преку Де Брујн чија намера сигурно беше само да упати центаршут во казнетиот простор, топката заврши во мрежата, а голема „заслуга“ имаше и голманот Навас кој не реагираше најдобро во оваа ситуација.

Конечниот епилог беше поставен во 71 минута кога од слободен удар стрелаше Марез за голема радост на „граѓаните“, иако можеби за момент погледите беа свртени кон Де Брујн, но Алжирецот беше тој се запиша во листата на стрелците. Од 77 минута се зголемија проблемите на домаќините откако останаа без еден играч на теренот. Поради груб прекршок, црвен картон доби Геје кој предвреме го напушти теренот. Реванш мечот ќе се игра на „Етихад“ стадионот на 4 мај.

Потсетување дека во првите 90 минути во Мадрид ремизираа Реал и Челси (1:1), возвратната пресметка на „Стемфорд Бриџ“ е на 5 мај. Големото финале за трофејот во ЛШ сезонава ќе се игра во Истанбул (Турција) на 29 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот