ВИДЕО: Градоначалникот на Остин си заминал на одмор во Мексико, па апелирал граѓаните да останат дома

Градоначалникот на тексашкиот главен град Остин, Стив Адлер заминал со приватен авион на одмор во Мексико и преку видео порака ги повикал сограѓаните да останат во своите домови поради пандемијата на Ковид-19.

Интересно е што од видео снимката не можело да се забележи дека Адлер е надвор од градот.

– Треба да останеме дома ако можеме. Ова не е време за опуштање, вели Адлер на снимката, кој дури и ги предупреди граѓаните дека ќе мора да се воведе „локдаун” доколку не бидат внимателни.

Адлер тврди дека не прекршил ниту едно правило, бидејќи во тој момент не била во сила забрана за патувања.

Тој пред заминувањето во Мексико, организирал свадбена веселба за својата ќерка во еден хотел во Остин. Адлер призна дека на свеченоста не биле веројатно носени маски постојано, иако им биле поделени на гостите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот